Навивач на Наполи остана без својот мобилен телефон, импресивен е начинот на којшто му беше вратен (Видео)

Екипата на Наполи со пресврт дојде до победата од 2-1 над Верона во Серија А. Наполитанците имаа негатива од 0-1, но во финишот успеаја да дојдат до победата, а во сета таа еуфорија за победата, еден од навивачите остана без својот мобилен телефон. Сепак, негова среќа беше што на долниот дел од трибината имаше луѓе расположени да помогнат, па телефонот му беше експресно вратен.

За тоа беа потребни леплива трака и пластична чаша за пиво, а на видеото целата акција за враќање на телефонот изгледаше импресивно. Во некоја друга ситуација веројатно телефонот или ќе му беше украден или ќе беше скршен.

- Оглас -

Најнови вести