Ривер плејт го доби дербито против Њуел Олд Бојс на гости со 3:2 и тоа со голем пресврт. Домаќините водеа со 2:0, но Ривер не се предаде и до полувремето намали на 1:2, а во второто полувреме гостите дадоа уште два гола за целосен пресврт и победа на гигантот од Буенос Аирес.
Освен неизвесноста на теренот, во Аргентина секогаш е интересно и на трибините. Овојпат камерите забележаа како еден навивач на Ривер плејт се дрогира на трибината за време на мечот. Ова сигурно е една од причините зошто во Аргентина постои „луда“ атмосфера на трибините.