Навивач случајно го снимил моментот кога е договорена спектакуларната размена во НБА лигата (Видео)

Размена во која Лука Дончиќ замина во Лос Анџелес лејкерс, а Ентони Дејвис се пресели во Далас маверикс би можела целосно да ја промени динамиката на лигата.

Дончиќ, како еден од најдобрите кошаркари на денешницата и во најдобрите години од кариерата, би формирал моќен тандем со Леброн Џејмс – ако Леброн остане во ЛА лејкерс. Од друга страна, Далас добива исклучителен центар во Дејвис, но неговата историја со повреди остава простор за сомнеж.

Еден навивач не бил ни свесен дека ќе го сними историскиот разговор кој го промени текот на НБА лигата. Сѐ почнало на 7 јануари, а тоа значи дека клубовите долго време работеле во тајност за да ја финализираат размената.

Навивачот Асад Кан, кој случајно ги фотографирал генералните менаџери Роб Пелинка и Нико Харисон, не ни знаел што уловил додека не излезе веста за размената. Со доказ во вид на сметка за кaфе од кафулето „Асенсион“, оваа фотографија добива на автентичност.

Фановите веќе ја нарекоа оваа средба „кафето што ја промени НБА лигата“.

„Сликав бидејќи го препознав Пелинка, но немав поим кој е неговиот соговорник. Ми беше само уште една слика во мобилниот и не ми значеше ништо посебно. Но, кога излезе веста за сензационалната рзамена трансфер и кога видов како изгледа Харисон и кој е, само реков ‘вау’ бидејќи го поврзав и сфатив што случајно сум уловил”, изјави Асад Кан.

Кан случајно се нашол во истиот кафе-бар кога и директорите на НБА клубовите, а на телевизијата „WFAA“, на која ѝ ја предал фотографијата, како доказ за автентичност ја приложил и сметката за кафето во споменатиот локал, платено кога, како што тврди, Пелинка и Харисон биле на истото место. Стручњаците потврдиле дека тоа што го вели навивачот на ЛА лејкерс е точно, дека фотографијата ја направил во 12:06 на тој ден.

- Оглас -

Најнови вести