Популарноста на Лионел Меси и аргентинскиот национален тим во Перу е огромна, а двајца навивачи кои присуствуваа на мечот Перу – Аргентина во Лима решија да си ја пробаат среќата и да влетаат на терен со цел да се фотографираат со нивниот миленик со број 10 на дресот.
Но, на голманот на „Инките“, Педро Галјесе, тоа воопшто не му се допадна и тој налутено реагираше што домашни перуански фанови сакаат слика со Меси.
Галјесе најпрвин им помагаше на редарите да го фатат и да го турнат на земја едниот навивач кој влезе на терен, а потоа со сила му го зеде телефонот од рака и му го фрли.