Во еден од највозбудливите мечеви одиграни ноќеска во НБА-лигата, Денвер со 103:99 го победи Мајами на гости. Ниту една од двете екипи немаше двоцифрена предност, а на крајот победникот се решаваше буквално во последните секунди.
Никола Јокиќ даде кош на 2,4 секунди до крајот за 101:99, а откако домаќините не го погодија последниот напад на 0,9 секунди до крајот, Џемал Мари со две слободни фрлања го потврди триумфот на гостите. Интерено е што по реализираното прво слободно фрлање, на теренот влезе еден навивач на Мајами.
Облечен во дрес на Двејн Вејд, навивачот се стрча на теренот и ја украде топката, па повторно се врати во публиката, пред да биде уапсен од полицијата. Навивачот додека трчаше по теренот, извикуваше: „Не, немој да го правиш тоа“, а играчите на двата тима останаа збунети.
A Heat fan ran onto the court late in Miami's loss to the Nuggets and snatched the game ball pic.twitter.com/KZrqxiN9AS
— Dan Feldman (@DanFeldmanNBA) January 9, 2019