Навивач во инвалидска количка доби дрес, но една жена веднаш му го украде (Видео)

Борусија Дортмунд се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите откако со 4:2 го победи Атлетико Мадрид во реваншот од четвртфиналето. Повеќе од 80.000 навивачи на „Вестфален“ во Дортмунд се радуваа на овој успех на Милионерите, а по завршување на мечот, дел од фудбалерите решија дополнително да ги израдуваат фановите со подарување на дресовите.

Џулијан Брант реши да му го подари својот дрес на еден навивач кој беше во првите редови покрај теренот во инвалидска количка. Брант го соблече дресот и му го даде на навивачот, а потоа од заднина се појави една жена која буквално од раце на навивачот му го украде дресот и веднаш потоа избега.

Залудни беа реакциите дека тој дрес не е наменет за неа. Оваа непријатна ситуација стигна и до дел од фудбалерите на Борусија, па играчот за врска, Мариус Волф, имаше порака за навивачот кој остана без подарениот дрес.

„Ќе биде средено“, беше пораката од 28-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести