Единсон Кавани и дефинитивно ја одби понудата од Бока јуниорс, а образложението му било дека одлуката е од семејни причини, семејството не сака да живее во Аргентина, и приоритет му е да остане во Европа.
Желба на Кавани е да игра во шпански клуб, има понуда од Вилјареал, но Жолтата подморница мора да продаде некој играч за да може да го плати Кавани.
А, до пред неколку часа се чинеше дека Кавани ќе им каже „да“ на Аргентинците, дури имаше и една група фанови на Бока кои го чекаа Уругваецот на аеродром во Буенос Аирес. Сега кога стана јасно дека нема ништо од трансферот на Кавани во Бока, овие фанови се мета на потсмев од ривалите.