Навивачи на Бриж претепале 63-годишен фан на Манчестер сити, човекот се бори за живот

Еден 63-годишен навивач на Манчестер сити по име Гвидо, човекот живее во Белгија, беше еден од околу 250-те навивачи на Граѓаните кои го бодреа тимот на дуелот со Бриж од Лигата на шампионите, но имаше несреќа да налета на група хулигани кои брутално го претепаа и човекот сега се бори за живот.

Според синот на Гвидо, неговиот татко носел шал од Манчестер сити и навивачите на Бриж сакале да му го земат. Тој не го давал, па физички го нападнале. И не само тоа, туку и го оставиле целиот облеан во крв да лежи на еден паркинг. Полицијата трага по насилниците, веќе има петмина уапсени осомничени, а човекот е во кома и се бори за живот во болница.

Откако дознаа за случајот, неколку фудбалери на Сити преку социјалните мрежи му искажаа поддршка на својот белгиски навивач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести