Навивачи на Наполи продаваат парчиња трева од теренот во Удине, цените одат и до 700 евра!

Фанови на Наполи кои присуствувале во Удине на мечот на кој Наполи ја освои третата титула во Серија А, на интернет продаваат парчиња трева од теренот на „Дачија арена“ и тоа по неверојатно високи цени.

По завршувањето на мечот, кога стана јасно дека Наполи е нов првак на Италија, навивачите на овој клуб влегоа во терен, а многумина од нив за спомен си зедоа и по некое парче трева кое внимателно го ставаа во најлонски кеси.

Огласувачот вели дека „робата“ е нова, некористена и неоштетена, а минималната сума која ја бара е 100 евро, додека максималната, верувале или не, дури 700 евра, плус 5,99 евра за испорака.

Персоналот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол предвиди вакви можно ситуации и таму, па тревата беше покриена за време на групното следење на мечот Удинезе – Наполи.

- Оглас -

Најнови вести