Навивачите „експлодираа“ од радост по победата на тимот кој никогаш не играл во Премиер лигата, а сега е само на еден меч од историја (Видео)

Лутон е прв финалист во доигрувањето за пласман во Премиер лигата откако на домашен терен со 2:0 го победи Сандерленд и со тоа ја надомести негативата од 1:2 по првиот дуел. Во финалето, Лутон ќе го чека подобриот од двомечот меѓу Мидлсборо и Ковентри. Вечерва се игра вториот дуел, а по првите 90 минути немаше голови.

Лутон е клуб кој никогаш во клупската историја не играл во Премиер лигата. Последен пат во елитното натпреварување биле во сезоната 1991/92, а Премиер лигата е формирана една сезона подоцна.

Токму затоа, навивачите на Лутон едвај чекаа да заврши мечот против Сандерленд, а потоа да започне големото славење. Стотици фанови на Лутон втрчаа на теренот и се радуваа заедно со фудбалерите.

- Оглас -

Најнови вести