Се попопуларна тема помеѓу фудбалските навивачи во светот е цената на храната на фудбалските стадиони. Токму со оваа проблематика се занимава и страната на социјалните мрежи „Фути фуд“. Нивната објава со цените на храната на меч на Лос Анџелес во МЛС лигата стана вирална.
За порција пуканки и пола литар пиво ќе треба да платите 33 долари, односно околу 30 евра. Навивачите останаа зачудени од оваа објава, која стана вирална. Лос Анџелес во 2022 година беше шампион во МЛС лигата, а оваа сезона во своите редови ги имаат Уго Лорис и Оливие Жиру.