Навивачите на Абердин фрлаа снежни топки кон голманот на Хелсинки (Видео)

ХЈК и Абердин одиграа 2-2 во меч од Конференциската лига на УЕФА одигран во зимски услови, на бел терен покриен со снег.

Теренот се чистеше неколку пати за да има што подобри услови за игра, а фановите на шкотскиот клуб при резултат 2-1 го гаѓаа голманот на Хелсинки со топки од снег, па судијата мораше на кратко да го прекине мечот.

Бојан Миовски ги одигра последните 15-20 минути од средбата.

- Оглас -

Најнови вести