Јувентус е фаворит во дуелот со Ајакс, па дури и во Амстердам, но тоа треба да го докаже на теренот. Италијанскиот првак немаше пријатна ноќ пред мечот, а за тоа се заслужни навивачите на домашниот тим.
Во 4 часот наутро, пред хотелот во којшто спиеја играчите на Јувентус, беше донесен огномет и повеќе од една минута траеше шоуто, кое имаше цел да ги разбуди фудбалерите на „старата дама“. Ваков пречек во Амстердам имаа и играчите на Реал Мадрид, но на Кралскиот клуб тоа не му пречеше многу и победи со 2-1. Сепак, Ајакс помина понатаму откако на реваншот во Мадрид беше подобар со 4-1.
Останува да видиме вечерва дали играчите на Јувентус ќе имаат проблеми поради огнометот кој не го очекуваа сред ноќ пред нивните хотелски соби.
https://twitter.com/IBacciBallum/status/1115804154566447105