Роналд Куман ги загуби сите три дуели од Ел Класико откако е дојден во Барселона. Каталонскиот гигант денеска на „Камп ноу“ со 1:2 загуби од Реал Мадрид, па сега има пет бода заостанување во однос на најголемиот ривал.
Навивачите на Барселона се лути на Куман поради слабите резултати на екипата, а последниот револт го покажаа токму денеска по завршување на дербито. Насобраните навивачи на Барселона го чекаа Куман да се појави и да излезе од стадионот, а кога го здогледаа неговиот автомобил, почнаа да го навредуваат и да удираат по возилото.
Куман мирно помина покрај незадоволните фанови и успеа да си замине без посериозни повреди, освен што неговиот автомобил беше удрен неколку пати. Тренерот на Барселона по мечот изјави дека воопшто не размислува за заминување од клубот.
Koeman pic.twitter.com/A224fuXmqw
— CRUYFFISMO (@1899Gallego) October 24, 2021