Куман не се гледа на излезна врата и даде објаснување за поразот од Реал

Барселона веќе се навикна да губи од Реал Мадрид, откако четврти пат по ред каталонскиот гигант е поразен од најголемиот ривал. Кралскиот клуб славеше на „Камп Ноу“ со 2:1 и со овие три бода мадридскиот гигант се искачи на чело на табелата со 20 бодови, додека Барселона остана на 15 бодови и е на деветото место на табелата.

И поркај тоа што откако е дојден на клупата на Барселона, Роналд Куман има три порази во три меча, холандскиот стратег не размислува да си замине, туку даде објаснување за тоа што се случи на денешното дерби.

„Не заслуживме да загубиме и затоа ми е тешко да го прифатам овој резултат. Погледнете на кој начин тие го дадоа првиот гол. Наместо ние да поведеме со 1:0, примивме гол. Разочаран сум од резултатот, но не и од играта“, рече Куман, кој додаде дека ги разбира разочараните навивачи.

„Изгубивме повеќе од три бода. Ова е Ел Класико и целосно ги разбирам навивачите. Сепак првенството е долго и мораме да продолжиме со победите“, додаде Куман по поразот од 1:2 на „Камп Ноу“ од Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести