Навивачите на Барселона титулата ја славеа со извици „Винисиус умри!“ (Видео)

Бразилецот Винисиус жуниор од Реал Мадрид веројатно е најнепопуларниот фудбалер во Шпанија кај сите фанови, освен тие на Кралскиот клуб, а доказ за тоа е и прославата на титулата низ улиците на Барселона.

Навивачите на каталонскиот клуб извикуваа „Винисиус умри“. Тоа се случи и кога Реал гостуваше на „Камп ноу“, но овојпат добија повеќе осуди бидејќи скандирањето не беше на дерби-меч на стадион, туку за убав повод, на прослава, кога треба да се радуваат на успехот на својот омилен тим.

- Оглас -

Најнови вести