Челзи славеше со минимални 1-0 над Пафос во мечот од Лигата на шампионите, а Сините требаше да имаат дури 21 удар кон противничкиот гол за да победат. Во составот не беше првата ѕвезда на екипата, Кол Палмер, кој имаше повреда, но не беше познато дали и колку тој ќе паузира.
Сепак, новиот тренер на Челзи, Лијам Росениор, откри дека не се работи за сериозна повреда, по што навивачите ќе може да здивнат.
„Во прашање е само претпазливост. Кол почувствува неугодност на мечот против Брентфорд минатиот викенд. Во оваа фаза од сезоната не сакам да ризикувам со ниту еден фудбалер, а посебно не со некој со таков квалитет“, рече Росениор.
Тренерот на Сините се осврна и на мечот против Пафос, на кој победија многу потешко од очекуваното.
„Мора постојано да напаѓате, но и да внимавате вратата да ви остане заклучена. Задоволен сум од говорот на телата на моите фудбалери, не се откажаа. Мојсес е играч од светска класа и постигна важен гол. Реалноста е дека сме во најдобрите осум и победа на следниот меч ни дава шанса за директен пласман“, додаде Росениор.
Челзи по седум кола е во онаа група од осум екипи кои имаат по 13 бода, а само за три од нив ќе има место помеѓу најдобрите осум екипи на табелата во Лигата на шампионите.

