Навивачите на Џенова направија „погреб“ за најголемиот ривал кој испадна во Серија Ц (Видео)

Последното коло во Серија Б, второто по ранг натпреварување во италијанскиот фудбал, донесе големи возбудувања. Имаше многу калкулации, посебно меѓу екипите кои се обидуваа да се спасат од испаѓање, а на крајот извиси тимот на Сампдорија.

Великанот од Џенова, кој во 1991 година беше првак на Италија, а потоа играше и во финалето на Купот на европските шампиони, во последното коло од Серија Б одигра без голови 0:0 против Јуве Стабија и овој резултат ја испрати Сампдорија во третата лига.

Неуспехот на Сампдорија со голема радост го дочекаа фановите на Џенова, тим кој игра во Серија А. Навивачите на Џенова организираа „погреб“ за „починатиот“ ривал и со огномет, песни и скандирање го прославија испаѓањето на Сампдорија во Серија Ц.

 

- Оглас -

Најнови вести