Присутните на стадионот „Колисеум“ во Мадрид кои решија да го гледаат натпреварот помеѓу Хетафе и Селта Виго, пред почетокот на натпреварот кренаа картони на кои пишуваше „Респект“, како порака да се почитуваат нивната поддршка и клубот.
Од Хетафе имаа забелешки за лош третман после испаѓањето од Купот против Валенсија, а навивачите одлучија да протестираат на јапонски начин, со аплауз од пет минути. Иако планот беше да се аплаудира пет минути, аплаузот престана во 2. минута кога гостите од Виго постигнаа гол и поведоа со 1-0.
Фановите на малиот мадридски клуб решија наместо со навреди и критики кон играчите и клубот, својот протест да го изразат на ваков начин и да побараат почит за нивната верност која ја искажуваат со постојаното присуство на трибините кога игра Хетафе, а не да бидат игнонирани.
Во 37 минута, Селта остана со играч помалку, Макси Гомес беше исклучен и ситуацијата на теренот се смени. Хетафе од пенал изедначи на 1-1, а во второто полувреме, во 62 минута, Хорхе Молина кој стана најдобар стрелец на Хетафе во 21 век, и Мата, им донесoa победа на домашните од 3:1. Последните девет голови на Хетафе ги имаат дадено само двајца играчи: Молина и Мата.
Сега Хетафе е петти, а Селта вечер може да се најде во зоната на испаѓање.