Навивачите на Јувентус се „откажаа“ од тимот пред клучниот дуел!

Јувентус сезонава речиси сигурно ќе ја завршат без ниту еден трофеј. Тимот испадна од Купот на Италија и Лига на шампиони, а не успеа да се радува ниту во Суперкупот на Италија. Што се однесува до првенството, Јувентус има девет бодови помалку од лидерот Интер.

Најтрофејниот италијански клуб утре ќе гостува кај Фиорентина во меч од 29 коло, а фановите на Старата дама најавија дека нема да одат на гостување во Фиренца. Пораката од навивачите е брутална и вели: „Не заслужувате да ве бодриме“, објавија тие.

Јувентус е во трка за освојување на едно од првите четири места во Серија А.

„Дома, тишината ќе биде посилна од кога било. А надвор во Фиренца, нема да бидеме таму бидејќи вие не не заслужувате“, напишаа ултрасите на Јувентус на Инстаграм. “Немам повеќе зборови да го опишам овој срам! Никогаш нема да нè имате како што сакате да бидеме! Ние сме Јувентус”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @drughiofficialpage

- Оглас -

Најнови вести