Навивачите на Кожуф од Гевгелија беа сведоци на тоа што се случи на вчерашниот меч против Башкими во Втората фудбалска лига на Македонија. Кожуф водеше на полувреме со 1:0, но на крајот загуби со 1:2.
Тоа што ја вознемири спортската јавност беше погодокот на Башкими постигнат во 90+4 минута за победа од 2:1. Од ФФМ и од Министерството за спорт најавија жестоки казни ако се докаже дека имало манипулации на овој натпревар и ако не е сè според правилата и ферплејот.
По реакциите на клубовите кои се вмешани во скандалот, сега реагираа и навиваите на Кожув, популарните „Фантоми“. Во соопштението на „Фантоми“ тие се револтирани и разочарани од тоа што го видоа на стадионот вчера.
Во соопштението на „Фантоми“ пишува:
ОДГОВОРНОСТ!!!!
Клуб кој постои 1век да јаде ваков срам нема да дозволиме!!
Како навивачка група бараме итен состанок и ОДГОВОРНОСТ!!
Никој нема да биде поштеден!!
Клуб за кој сме се бореле во општински лиги, сме јаделе куп казни, притисоци , закани и сл.!!! Секогаш сме биле победници ќе бидеме и сега! Ќе се избориме до крај!
КОЖУФ ОВА НЕ ГО ЗАСЛУЖИ!!!
ВРЕМЕ Е КЛУБОТ ДА ДОЈДЕ
ВО НАШИ РАЦЕ!!!
ТИШИНА ПРЕД БУРА!
ЗА СИТЕ ПОСТАПКИ НА ГРУПАТА ЌЕ БИДЕТЕ НАВРЕМЕНО ИЗВЕСТЕНИ