Леванте со објава на „Твитер“ му го честита хет-трикот на Енис Барди против Ерменија вечерва во победата на Македонија со 5:0, а се радуваат и навивачите на клубот од Валенсија.
Еден од нив на шега напиша: Ставете го Енис шпиц за да победиме некого.
https://twitter.com/LevanteUD/status/1458880480007254019?s=20
Леванте нема ниту една победа во Ла Лига по 13 кола и е во голема криза, а претставата на бомбардерот Барди вечерва како капитен на Македонија против Ерменците е големо охрабрување и за навивачите на Леванте.
Во следното 14-то коло на 19 ноември, Леванте ќе игра дома со Атлетик Билбао, но претходно Енис очекува радосни вести за Македонија и да се освои второто место во Ј групата за да играме дополнителни баражи за Мундијалот во Катар.
Вечерва во Ереван Енис за првпат беше капитен на Македонија и постигна хет-трик, а беше и најистакнат поединец на теренот во една од најубедливите победи на македонската репрезентација од постоењето.