Маестрална игра и огромна победа: Капитенот Барди даде хет-трик, Македонија ја „демолира“ Ерменија! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација со убедливи 5:0 славеше на гостувањето против Ерменија.

Нашите фудбалери одиграа најдобро кога беше најпотребно, па сега останува да чекаме кикс на Романија со Исланд.

Капитенот на овој меч, Енис Барди, даде хет-трик откако првпат ја стави траката на својата рака.

Александар Трајковски погоди во 22-рата минута, по одлична соло акција на Стефан Ашковски.

Енис Барди својот прв гол го даде во 36-тата минута, со прекрасен удар од далечина.

Истиот играч беше и сигурен пеналџија во 66-тата минута, откако претходно токму врз него беше направен ударот за најстрога казна.

Милан Ристовски, пак, во 79-тата минута го даде својот прв гол на официјален натпревар за А селекцијата.

Тој доби одлична топка од страна на Елиф Елмас, по што беше успешен реализатор на контранападот.

Маестралниот играч од средината на теренот со својот втор успешно реализиран пенал дојде и до првиот хет-трик во репрезентативниот дрес.

Во текот на целиот меч, нашата репрезентација ја имаше контролата на играта и практично не му дозволи на противникот да се закани посериозно.

Мхитарјан во самата завршница ја погоди мрежата на Димитриевски, но голот веднаш беше поништен поради евидентен офсајд.

Момците на Благоја Милевски сега имаат 15 бода во групата Ј и вечер ќе навиваме за Исланд на гостувањето кај Романија, каде што ни одговара сè освен домашен триумф за да останеме на второто место.

- Оглас -

Најнови вести