Навивачите на бугарскиот Левски Софија предизвикаа инциденти пред почетокот на мечот со Шкупи, кој треба да започне за неколку минути на Националната арена „Тодор Проески“ во рамките на квалификациите за Конференциската лига.
При влезот на стадионот, група хулигани на бугарскиот тим ги провоцираа навивачите кои влегуваа на стадионот викајќи „Убиј ги шиптарите. Ова е Бугарија. Македонија е бугарска“. Полицијата мораше да интервенира и десетина навивачи на Левски за време на мечот ќе бидат во полициска станица.
Видеото од инцидентите кои ги направија бугарските хулигани може да го видите на следниот ЛИНК.
Навивачите на Левски денеска се обиделе и во скопската населба Чаир да провоцираат, но лошо си поминаа.Тие со возила поминувале низ скопската општина Чаир, но веднаш им возвратиле навивачите на Шкупи, Шверцери, кои почнале да фрлаат канти и да удираат по автомобилите.
Според бугарските медиуми, еден навивач на Левски е извлечен од автомобил, претепан и избоден со нож и се наоѓа во животна опасност.
Чаирчанка, нападнати две бугарски возила pic.twitter.com/bwkoYfXJ7e
— Зеко (@MeZnaesOdSank) July 27, 2023
https://twitter.com/i/status/1684624772892667904