32.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Навивачите на Ливерпул збеснаа кога разбраа кој судија ќе биде на дербито против Лестер

Судијата Дејвид Кут, кој влезе во „црниот список“ на навивачите на Ливерпул, ќе биде дел од арбитрите што ќе ја делат правдата на дуелот меѓу англискиот првак и актуелниот лидер Лестер. На Кут му е доделена довербата да биде главен во ВАР-собата, иако токму тој судија беше во центарот на вниманието пред еден месец на градското дерби против Евертон.

На тој меч против Евертон, судиите во ВАР-собата решија дека не треба да му се додели црвен картон на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, кој крвнички стартуваше и го повреди Вирџил ван Дајк затоа што претходно имало офсајд. Подоцна некои судии во Англија коментираа дека Пикфорд требало да добие исклучување поради намерата толку остро да стартува. Повредата на Ван Дајк се покажа дека е многу сериозна и за него сезоната е завршена.

Покрај тој момент, ВАР-судиите во надополнување на дербито против Евертон поништија гол и на Џордан Хендерсон, кој требаше да биде победнички за Ливерпул, но претходнио Садио Мане беше во офсајд.

Освен Кут, кој ќе „диригира“ од ВАР-собата, главен арбитер на теренот ќе биде Крис Кавана.

 

- Оглас -

Најнови вести