Навивачите на Партизан вчера за време на дербито направиле штета од 40.000 евра

Многу искршени и запалени седишта на јужната трибина на „Рајко Митиќ“ во Белград, е сликата која зад себе ја оставија навивачите на Партизан, „Гробари“, кои вчера во голем број го бодреа својот миленик на вечното дерби на српскиот фудбал.

Објавено е дека материјалната штета која ја направиле „Гробарите“ е 40.000 евра.

Делови од столчиња има на атлетската патека, а штета не била направена само кај столиците, туку оштетен бил и читачот за билети при влезот на трибината.

- Оглас -

Најнови вести