Севиља и Реал Мадрид во сабота ќе го одиграат првенствениот натпревар од претпоследното коло на шпанската Ла Лига на „Рамон Санчес Писхуан“. Дуелот е значаен за двете екипи бидејќи Реал сака да ја задржи втората позиција, додека Севиља со победа ќе дојде многу блиску до излез во фудбалска Европа.
Сепак, домашниот клуб се соочува со проблеми во пресрет на натпреварот против Кралевите. Навивачите на Севиља повикаа на бојкот на натпреварот поради поништениот црвен картон на Винисиус. Според нив, картонот не требало да биде поништен бидејќи фудбалерот на Реал Мадрид секако учествувал во инцидентот и заслужено бил исклучен.
Тие дури упатија повик и до обичните симпатизери на клубот коишто планираат да одат на стадион да го бојкотираат овој натпревар.