Играчите на Реал Мадрид на „Етихад“ во Манчестер беа пречекани со провокативен транспарент на кој има слика од Родри како ја бакнува Златната топка и порака: „Престанете да плачете со срцето“, што е наслов на песна на групата „Оејзис“ чии членови се фанови на Сити.
Но, оваа порака е директен атак кон Винисиус, кој долго не можеше да се помири дека не е освојувач на Златната топка, а дури и од Реал во знак на протест одлучија да ја бојкотираат церемонијата во Париз на која фудбалерот на Сити беше прогласен за најдобар на светот во 2024.