Актуелниот англиски шампион, Манчестер сити, потешко од очекуваното дојде до победата над Фулам (3-2). Во еден момент на трибините се појави траспарент на кој на каталонски јазик пишуваше „Пеп Гвардиола – сакаме да останеш“, а беа закачени и две знамиња на Каталонија.
Она што е интересно за овој транспарент е тоа дека навивачите платиле 1.000 фунти за да го внесат, со оглед на политиката за објавување на транспаренти и пораки на Манчестер сити.
Pep Guardiola – we want you to stay. Message on banner in home end at the Etihad Stadium. pic.twitter.com/apqluoxmwp
— Paul Hirst (@hirstclass) October 5, 2024
„Нека ми ја донесат сметката и јас ќе платам. Не сакам навивачите да трошат пари за вакви работи. Благодарен сум поради ова и имам одличен однос со навивачите од првиот ден во овој клуб. Сепак, не треба да трошат пари за вакви работи.“ – порача Гвардиола кога дозна дека навивачите платиле за да го истакнат транспарентот.