Навивачите на Сити се воодушевени: Војникот Гвардиол му „салутира“ на генералот Гвардиола (Видео)

Фудбалерите на Манчестер сити и во реваншот од осминафиналето во ЛШ го совладаа Копенхаген (3:1), а навивачите на Граѓаните се воодушевени од потегот на дефанзивецот Јошко Гвардиол.

За време на прекинот на играта во првото полувреме, менаџерот на Сити, Хосеп Гвардиола, ги повика своите играчи Гвардиол и Хулијан Алварес коишто играа на левата страна од теренот за да им даде дополнителни инструкции.

 

Гвардиол внимателно го слушаше Гвардиола, а на крајот војнички му отпоздрави на својот менаџер, сигнализирајќи дека ги сфатил советите.

Овој потег ги воодушеви навивачите на Сити и најчестите коментари на социјалните мрежи се дека Јошко Гвардиол е „Војник на клубот“.

- Оглас -

Најнови вести