Полека се наближува и тој ден, денот кога Македонија ќе го игра историскиот натпревар против Португалија за пласман на Светското првенство во Катар.
На „Драгао“ во Порто ќе се знае 23-тиот патник на Мундијалот во Катар, а покрај Македонија и Португалија, овој меч ќе биде интересен за навивачите на Спортинг Лисабон, а причината е јасна.
Бруно Фернандеш и Стефан Ристовски, коишто две и пол сезони беа соиграчи во „зелено-белите“ од Лисабон, за првпат ќе ги вкрстат копјата и ќе одиграат еден против друг.
Воедно, од нивната школа потекнува и Кристијано Роналдо, за кого нема потреба да се трошат зборови за тоа што има направено во својата кариера.