Навивачите на Вест хем сликовито покажаа што мислат за трансферот на Лингард во Форест (фото)

Премиерлигашкиот дуел помеѓу Нотингем форест и Вест хем беше прилика за Џеси Лингард да се сретне со поранешниот тим каде што привремено играше како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед. Англискиот офанзивен играч за врска летово имаше прилика да потпише за Вест хем како слободен агент, но сепак се одлучи да го засили повратникот во елитата каде е најплатен член во редовите на Нотингем.

Лингард инкасира 100.000 фунти неделно според едногодишниот договор со Шумарите, па тоа беше причината за навивачите на Вест хем да ја покажат својата креативност во изразувањето незадолство кон алчниот Џеси.

Фрлаа лажни банкноти покрај корнер знаменцето на страната од каде што беа сместени на трибините. Но, како што вели старата народна: „кој последен се смее, најслатко се смее“, така и Лингард на крајот се радуваше на победа против Вест хем, па ваквата наврада ќе му се чини неважна.

- Оглас -

Најнови вести