Шумарите ги посака среќата за прв премиерлигашки триумф по повеќе од две децении (видео)

Нотингем форест триумфира во својот прв премиерлигашки меч на домашен терен по повеќе од две децении пауза, со минимални 1-0 надигран е Вест хем на „Сити граунд“ за огромно задоволство на фантастичните навивачи кои прередија спектакл.

Шумарите ги посака среќата по стартниот пораз од Њукасл, раните да ги лечат на домашен терен. Поништен гол поради остар фаул на Антонио, беше првата оправдана помош добиена од ВАР. Офанзивецот на Вест хем без задршка се судри во противничкиот играч, па голот на Бенрама беше залуден.

Пред самата пауза, домаќините ја искористија последната акција за погодок. Лингард не зафати добар шут, топката некако излезе од мешаницата и стигна до Авонији, за нигерискиот напаѓач да се запише како прв стрелец за Нотингем во Премиер лигата, по Крис Вилијамс од 16 мај 1999 година.

Колку што Шумарите имаа среќа, толку тимот на Дејвид Мојс мораше да трпи последици за неискористените шанси. Херојски момент за домаќините имаше и голманот Хендерсон, со неговата одбрана при пеналот кој го промаши Рајс во 65-тата минута.

За Нотингем ова е прва лигашка победа сезонава, додека Чеканите го претрпеа вториот пораз по исто толку натпревари.

- Оглас -

Најнови вести