Екипата на Лориен е на претпоследното 17 место во француското првенство. Во 17 натпревари, Лориен има само две победи, шест нерешени и дури девет порази и со 12 бодови е само еден бод пред последниот на табелата, Клермон.
Најверните навивачи на Лориен познати како Мерлус ултраси решија да го изразат своето незадоволство со тоа што оставија 400 килограми риба пред клупскиот тренинг-центар и тоа веднаш по поразот од 4:0 од Брест.
Покрај рибата стоеше и транспарент на кој пишуваше „Смрди како вас“. Фановите потоа објавија и соопштение.
„По новиот срамен пораз на нашиот клуб, 20-тина членови на нашата група спроведе акција. Оставија 400 килограми риба покрај оградата со прака „Расипана риба, како што сте вие расипани“. Сите оние кои ќе го сакаат и почитуваат Лориен мора веднаш да си заминат од клубот“, стои во соопштението од навивачката група.