Навивачите се бесни на ФФМ и Милевски, се бараат итни промени и оставки после киксот во Торсхавн

Големо разочарување владее кај навивачите на фудбалската репрезентација на Македонија, а тоа може да се забележи и од коментарите на социјалните мрежи. Навивачите се лути после големиот кикс против Фарски острови (1-1), но пред се поради лошата игра. Македонија против аутсајдерот не успеа да постигне погодок од игра, а единствениот гол беше дело на Енис Барди од пенал.

„Оди си!“, „Тонеме како Титаник и како ништо да не се случува“, „Пуштете деца што знаат фудбал“ и „Треба да дадеш оставка“ се само дел од коментарите кои може да се прочитаат на социјалните мрежи.

Македонија сега нема избор, ако сакаме прво место во квалификациската група и бараж за пласман на Светското првенство ќе мора да ја победиме Ерменија во вторник на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести