Навивачите скандираа „Смрт за Арапите“, а сега ќе имаат газда Арап

Беитар Ерусалим е еден од главните фудбалски симболи на десничарите во Израел и клуб во којшто до скоро и буквално беше забрането да играат Арапи или муслимани.

Хардкор навивачите на Беитар се опасни, ги декларираат како екстремисти и опасни за противничките клубови, особено оние што имаат Арапи во составот, па честопати на „Теди стадионот“ во Ерусалим се слушаше и извикување од трибините за „Смрт на Арапите“.

Но, времињата се менуваат, па сега Беитар е на прагот да добие сопственик, кој е шеик од Емиратите. Хамад бин Калифа ал Нахјан, член на кралското семејство од Обединетите Арапски Емирати, е во завршни преговори за преземање на клубот од сегашниот сопственик Моше Хогег.

Најавата е дека шеикот ќе вложи 100 милиони долари за да има 50 проценти од акциите во Беитар Ерусалим, клуб кој има 84-годишна традиција и шест шампионски круни во Израел.

 

- Оглас -

Најнови вести