Фудбалскиот сојуз на Германија, но и Здружението на фудбалскитете лиги го повлекоа предлогот за приватизација на фудбалските клубови во Германија, со што требаше да биде отворена можноста за влез на инвеститори во клубовите.
Ова значи голема победа за навивачите, кои прекинаа десетина меча поради ваквите најави. На терените во Германија беа фрлани тениски топчиња и чоколатца со слики на евро, но имаше и влез на автомобили на далечинско управување со запалена пиротехника.
Германските клубови остануваат во иста форма, нешто слично што кај нас се вика „здружение на граѓани“ и им овозможува на навивачите да бидат сопственици и членови на своите омилени фудбалски клубови.