Манчестер јунајтед не застанува во намерата да изгради супер тим со кој ќе им конкурира на ривалите Ливерпул и Манчестер сити во битката за англискиот трон. Пред неколку дена се појавија шпекулации дека Црвените ѓаволи постигнаа договор со младата ѕвезда на Дортмунд, Џејдон Санчо, меѓутоа тој мегатрансфер нема да биде единствен на „Олд Трафорд“.
Наводно, Јунајтед тргна по потписот на Жоао Феликс, најскапиот тинејџер на светот кој пред неполна година потпиша за Атлетико Мадрид за сума од 126 милиони евра. Феликс не одигра цела една сезона во дресот на Јорганџиите, а веќе може да ги пакува куферите за преселба од Мадрид на Островот.
Управата на 20-кратниот англиски првак се надева дека може да го добие Феликс со попуст ако се земе предвид дека пандемијата со корона-вирусот ги наруши финансиите во фудбалот.
Ако им се оствари планот, Оле Гунар Солскјер дефинитивно ќе има тим со кој ќе ја напаѓа титулата.