Има спогодба меѓу Санчо и Јунајтед, сега следува потешкиот дел

Се чини дека Манчестер јунајтед ќе постави нов британски рекорд за трансфер на фудбалер, доколку најде заеднички јазик со Борусија Дортмунд околу услугите на Џејдон Санчо. Англиските медиуми тврдат дека Црвените ѓаволи веќе постигнале договор со Санчо околу платата и останатите бонуси, но потешкиот дел допрва следува.

Од Дортмунд инсистираат дека и покрај пандемијата со Корона-вирусот која нанесе финансиска штета врз фудбалот, нема да попушат во намерата да го продадат младиот англиски офанзивец за 110 или повеќе милиони евра. Во меѓувреме Милионерите му понудија нов богат договор на Санчо со годишна заработка од 10 милиони евра, но нему му е желба да се врати во родната земја и да заигра во Премиер лигата.

Доколку Црвените ѓаволи успеат да го ангажираат Санчо, тој ќе го урне клупскиот рекорд на Пол Погба од 105 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести