Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 вечерва од 19 часот во Битола ќе ја водат претпоследната меѓусебна битка за титулата во македонската Суперлига сезонава, и ова е меч кој се чека со нетрпение во Македонија, но и пошироко меѓу ракометните фанови.
Вакво дерби ретко се среќава на друго место, ривалството е големо, салата ќе биде преполна, а како и секогаш ќе ревашаат инспирацијата, мотивацијата и концентрацијата.
Битолчани немаат право на грешка, со победа ќе ја разгорат битката за титулата, а ако не победат, речиси сигурно ќе се простат од одбрана на трофејот. Вардарци би биле задоволни и со реми, а победа ќе ги запечати на врвот со огромни шанси да го вратат шампионскиот трофеј во своите витрини.
Во Sport Life има богата понуда за ова ракометно мега дерби. Може да се обложите на огромен број на разноразни игри во кои се вклучени голови, како и на многу други комбинации и варијанти.


