Навивачкиот кодекс на дело: Комити со автомобил вратија Чкембар во Битола (Фото)

Еурофарм Пелистер го доби вчерашното ракометно дерби, откако во „Јане Сандански“ со 24:23 го победија Вардар. Со овој триумф битолчани сега се нови лидери во првенството, а Вардар падна на второто место.

Атмосферата во салата беше одлична благодарение на навивачките групи на двата тима. Популарните Комити и Чкембари во текот на целиот меч ги бодреа своите миленици, а на крајот гостите се радуваа.

По мечот, еден член на битолската група бил приведен во полициска станица, па автобусот со останатите навивачи си заминал без него. Откако навивачот бил пуштен од станица, членови на Комити со автомобил го преземале противничкиот фан и го однеле директно до Битола.

Ова е само уште еден доказ дека и покрај лутото ривалсто на трибините, навивачите знаат да си помогнат кога им е најпотребн, без разлика што навиваат за различен клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести