37.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Навивачот кој скокна од трибина да прослави со Халанд, всушност е поранешен светски првак (Видео)

Манчестер сити се намачи, но стигна до триумф на гостувањето кај Шефилд јунајтед, победувајќи со 2:1. Сите три погодоци беа постигнати во последните 30 минути, а посебна радост кај фановите на Сити беше кога Халанд погоди со глава за предност од 1:0.

Во првото полувреме Халанд промаши пенал, но потоа се корегираше и повторно беше еден од најзаслужните за трите бода на Граѓаните. Кога погоди за 1:0, прв со кој Халанд прослави беше еден навивач кој скокна од трибините и го прегрна Халанд.

https://twitter.com/i/status/1695835125638894018

Подоцна редарите го фатија навивачот и го тргнаа од теренот. Неканетиот гостин на теренот не беше само обичен навивач. Тоа беше поранешниот светски боксерски првак Тери Франаган.

Во 2015 година Франаганстана светски првак во ВБО верзијата во лесна категорија, а потоа неколку пати ја бранеше круната. Последната борба ја имаше во 2019 година, а сега неколку години подоцна повторно се стекна со светска слава и тоа благодарение на неговиот омилен тим, Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести