НБА имаше милост кон Адетокумбо, суспензија само на еден меч

НБА-лигата го суспендираше Јанис Адетокумбо од Милвоки бакс на еден натпревар и тој нема да може да игра на наредниот меч бидејќи против Вашингтон со глава го удри противничкиот играч Мориц Вагнер, поради што беше исклучен. Суспензијата од еден меч е минимална за ваков прекршок, па може да се каже дека НБА имаше милост кон една од своите најголеми ѕвезди.

Јанис нема да настапи на дуелот против Мемфис гризлис, но ќе може да игра кога ќе почне плејофот. Во првото коло од разигрувањето за титулата, Бакс ќе игра против Орландо меџик.

- Оглас -

Најнови вести