Адетокумбо со глава нокаутираше противник, му следува суспензија (Видео)

Феникс санс реди само победи откако сезоната во НБА продолжи во необични услови во „балонот“, како што го нарекуваат комплексот „Светот на Дизни“, каде што се играат мечевите, Демиен Лилард уфрли дури 61 поен во победата на Портланд против Далас, но сето тоа се најде во сенка на инцидентот кој го предизвика Гркот Јанис Адетокумбо.

Најсериозниот кандидат за МВП на сезоната, на почетокот на втората четвртина постапи неспортски и со глава го удри играчот на Вашингтон визардс, Мориц Вагнер. Бакс и без својот лидер го доби мечот и во првото коло на плејофот ќе игра со Орландо меџик, но ако Јанис добие суспензија подолга од еден натпревар, тој ќе го пропушти стартот на плејофот.

„Катастрофален потег. Ако можам да го вратам времето, не би го сторил тоа повторно. Но, луѓе сме, сите правиме грешки“, изјави Адетокумбо, кој не бил изнервиран само од потег на Вагнер, туку бил разлутен од серија потези, па затоа „пукнал“ психички.

Јанис за 10 минути игра имаше 12 поени и 9 скока, а сега чека да види колкава суспензија ќе добие за исклучувањето за неспортски потег од втор степен.

- Оглас -

Најнови вести