1.8 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

НБА ја одложи лотаријата за драфтот во Чикаго

Лотаријата за драфтот во НБА лигата што требаше да се одржи од 19. до 21. мај во Чикаго е одложена, објавија од НБА лигата.

Сезоната е прекината на 11. март поради пандемијата со Коронавирус и има уште натпревари што треба да се доиграат од регуларниот дел, па невозможно е да се одреди кои клубови би имале привилегија при лотаријата.

Точно 14 клубови кои нема да се пласираат за плејофот, ако сезоната се доигра би имале повеќе топчиња во барабанот при лотаријата за драфтот, во однос на 16-те екипи што ќе се пласираат во доигрувањето за титулата.

Најлошопласираната екипа има 25 посто шанси да добие можност прва да избира на драфтот за 2020 година, а во најлош случај ќе го добие правото да бира четврта по ред.

Во Чикаго требаше да се одржи и таканарелениот Драфт комбинација на кој се тестираат идните НБА ѕвезди, кои ќе учествуваат на драфтот што е планиран за 25. јуни во Бруклин.

Ако сезоната не започне наскоро можно е комплетно да биде пролонгиран и драфтот во Бруклин.

- Оглас -

Најнови вести