Плејмејкерот на Хјустон рокитс, Крис Пол, како и членовите на ЛА лејкерс, Раџон Рондо и Брендон Инграм, добија казна од неколку меча неиграње поради тепачката која се случи вчера изутрина.
НБА му додели два меча суспензија на Пол, Рондо е казнет со три меча, додека Инграм доби најголема казна и нема да игра во следните четири средби.
Хаосот се случи на четири минути пред крајот на средбата, откако Пол и Рондо решија да се пресметаат со тупаници на теренот, а во турканицата се вмеша и Инграм. Сите тројца беа исклучени од натпреварот.
Во зависност од платите, Крис Пол поради неиграње, ќе загуби речиси половина милион долари, додека на Инграм и Рондо ќе им бидат одземени 158.000 долари, односно 186.000 долари.
Chris Paul, Brandon Ingram and Rajon Rondo have been ejected after throwing blows in L.A. pic.twitter.com/s28TT81eys
— SportsCenter (@SportsCenter) October 21, 2018