Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Џеди Осман, во септември во Кападокија ја побара за жена својата девојка, актерката Ебру Шахин, а наскоро ќе имаат и венчавка и две свадбени церемонии.
Најпрвин на 1 јули во Охрид, а шест дена подоцна на плажа во Чешме, каде што се запознале во 2020 година.
Осман е Турчин, игра за турската репрезентација, но роден е во Охрид и често го посетува својот роден град во летниот период.