НБА-ѕвездата шокирана за тоа колку пари достигнало горивото во САД, бара да врати дел од ставениот бензин! (Видео)

Кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер, стана хит на социјалните мрежи по неговата реакција кога дозна колку пари чинат горивата во САД. Цените на горивата во САД растат, но се помали во однос на тие кај нас, а Батлер беше шокиран кога виде колку треба да плати обвинувајќи дека тоа е „грабеж“.

Според последните промени на горивото во САД, дизелот се продава за 1,146 евра по литар, што е околу 70 денари за литар. Во САД најчесто горивото се мери во галони (еден галон е 3,785 литри).

Иако овие цени не треба да се проблем за НБА-ѕвезда која во 2021 година потпиша четиригодишен вреден 184 милиони долари, Батлер бурно реагираше на цените на горивото кога виде дека треба да плати 145 долари за да го наполни резорвоарот на неговото луксузно „бугати“.

Колку за споредба, цената на горивата во Македонија се поскапи од тие во САД, па дизелот во моментов е 85,5 денари за литар, што е дури за 15 денари поскапо од цената на дизелот во САД.

„Ова е грабеж. Дали може да верувате дека треба 145 долари да се наполни резервоарот на ‘бугати’. Ова е лудо. Неверојатно. Ќе се префрлам на електричен автомобил“, коментираше шокираниот Батлер, кој на шега додаде дека дури ако треба, и ќе врати дел од горивото затоа што многу е скапо.

- Оглас -

Најнови вести