Не беа само играчите на ПСЖ со забелешки за судиите: Агуеро мораше да го коригира арбитерот (Видео)

Серхио Агуеро го одигра последниот меч за Манчестер сити во Лигата на шампионите на стадионот „Етихад“ откако влезе во 85-тата минута на местото на Фил Фоден. Токму моментот кога Агуеро се подготвуваше да влезе во игра, стана вирален на интернет откако аргентинскиот напаѓач мораше да го коригира четвртиот судија.

Арбитерот ја крена таблата на која се покажуваат броевите на играчите кои треба да се заменат, а на неа стоеја броевите 47 и 9, додека Агуеро го носи дресот со бројот 10. Фоден е со бројот 47 и тој беше точниот, но бројот 9 го носи Габриел Жезус, играчот кој влезе во игра неколку минути претходно.

Агуеро веднаш реагираше кај судијата и му сугерираше дека треба да стои бројот 10, а не деветка, а арбитерот веднаш ја исправи грешката.

За разлика од Агуеро, фудбалерите на ПСЖ имаа сериозни забелешки посебно поради однесувањето на главниот судија на дуелот во Манчестер. 

Агуеро во Манчестер сити дојде во 2011 година и одигра 10 фантастични сезони, во кои стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 258 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести