Не чини – Останавме без пола одбрана за Косово, Ристовски пак се повреди, Велковски не играше за Риека

Игор Ангеловски ќе има многу проблеми да ја состави одбраната на македонската репрезентација за мечот со Косово на 26.март, а лоши вести стасаа од Лисабон и од Риека.

Стефан Ристовски се врати на терен по еден меч пауза и повторно се повреди, па излезе од игра по само 25 минути проведени на терен на мечот против Авеш.

Стандардниот десен бек се жали на проблеми со бутниот мускул и се уште не се знае колку есериозна повредата и дали ќе биде подготвен за полуфиналето во Лигата на Нации против Косово на 26. март.

Проблеми има и стоперот Дарко Велковски, кој се повреди на дуелот со Динамо Загреб, а не играше ниту денеска против Хајдук во хрватското дерби.

Кај него проблем е „задњата ложа“, што не е нималку наивна повреда, па и за него не се знае дали ќе игра во Скопје на 26. март против Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести